About this Event

Понеделник од секогаш бил еден од поомразените денови. Во натпревар со другите денови има најмногу негативни песни напишани за него. Ние продолжуваме со нашата мантра. “Да, сакаме да ни почне неделата со кубанско шизење“. Подиумот во Дебар Маало спремен, 03.06.2019, почнуваме во 20:30ч, во PUB18. Го сакаме чувството кога ќе заврши забавата, музиката тивка, скоро и да ја нема, а нашето тело уште лебди по карипскиот ритам. Задоволство размешано со тап џагор и светла за фајронт не водат низ темната ноќ кон уште еден весело поминат понеделник. Почнете ја неделата задоволни, елајте си во PUB18 на фино музиче, вртиме салса кубана, сон, по некоја румба, и ќе се гушкаме со бачата. Почнуваме порано е еднакво на повеќе време за играње. Неделава допираме до јоруба боговите од Куба, дискретна оришас анимација. Sиркаме во што може да се игра на одредени тимба песни. PUB18 во срцето на Дебар Маало, идеален за шизење. Ве очекуваме во понеделник, поканете ги вашите пријатели на убава музика и танцова атмосфера. Со малце поразлична музика, Румберос

Dance Styles

Bachata (30%)
Salsa (30%)

Organizer

P

PUB18

R

Rumberos

M

Marta Arsovska