About this Event

📣📣📣 Драги тангери! Дојде моментот да го разбудиме тангого во себе, па додека чекаме да се вратиме во прегратка, може да почнеме да се “загреваме“ со женска техника, да слушаме танго музика, да го вратиме телото во форма, да го подобриме балансот и повторно да уживаме во убавиот простор на Академиа ТангоМ, меѓу убави луѓе. Со голема радост ве известуваме дека ќе започнеме со женска техника во првата недела од февруари, во ден и термин кој на сите најмногу ни одговара. Женската техника е предвидена еднаш неделно со времетраење од 90 минути, а месечната членарина изнесува 800 денари. 💃👠 Се разбира, сите ќе ги следиме правилата за да останеме заштитени: - Навремено проветрување на воздухот во просторот - Задолжително носење заштитни маски - Дезинфицирање на раце при влез и излез од Академиа Тангом - Секоја тангера ќе вежба во својот означен простор 🎶🎶🎶 Ајде да се дружиме, радуваме и учиме нови танго форми! Заедно да слушаме танго музика, да гледаме документарни филмови за тангото и да споделуваме знаење. Духот на тангото ќе живее и за кратко ќе се вратиме во прегратка со уште поголема емоција, пасија, стабилност и баланс. Доколку сте заинтересирани за женска техника, пријавете се на следниов линк најдоцна до 28.1.2021: https://bit.ly/3nX8eIh ИСПРАВИ СЕ, ТАНГЕРА❣️❣️❣️

Dance Styles

Tango (100%)

Organizer

C

Center 213