About this Event

ЛЕТО ИСПОЛНЕТО СО ТАНГО и тоа БЕСПЛАТНО! - Уписи во нови групи за почетници - со почеток од од 1ви Јули 2021 Во Академиа ТангоМ ќе го откриете магичниот свет на аргентинското танго. Свет кој е исполнет со забава, дружење, играње и музика! Тимот на ТангоМ Ви подготви програма на часови и практики со кои ќе ви го пренесат нивното досегашно знаење и искуство. ‘Лето исполнето со танго’ e наменет за почетници - со и без претходно знаење. Партнер / Партнерка не е потребно. Групите за часови се формирани според годишна возраст и тоа: * Од 17 години до 24 години* ----- Времетраење на проектот Лето исполнето со Танго е 3 месеца Интензитет : 2 пати неделно - еден час и една практикa Термини за час: Се дефинираат по сите пријавувања Термин за практика: Се дефинираат по сите пријавувања Часовите и практиките се одвиваат во простор на Академија Тангом (простор од 70м2 со идеална просторна температура и дрвен под), како и на отворено (Одредени локации во градот) . ----- СОДРЖИНАТА НА ЛЕТО ИСПОЛНЕТО СО ТАНГО е - Вовед во Танго - Свесност и постура на тело - Комуникација во прегратка - Техники на чекорење - Баланс, истегнување и зајакнување на мускулна маса - Визуелизација и кординација во простор - Форми и фигури - Музикалност ниво 1 (Танго музика детална анализа) - Вовед во танго забава и уметничка креатива ----- ВРЕДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ Со практикување на танго вештината придобивките се психофизички, и тоа: - Подобрување на физичка спрема - Подобрување на моториката на движење на телото - Подобрување на рефлексите на телото - Оформување и зајакнување на мускулната маса на телото - Подобрување на баланс и стабилност на телото - Подобрување на ставот и држењето на телото - Подобрување на работата на дигестивниот систем - Развивање на свесност за движење и координација во простор - Подобрување на индивидуалната и заедничката способност за одржување на комуникациски процес - Подобрување на креативност и вештината за импровизација - Подобрување во однос на градење доверба, споделување, прифаќање, незлоупотреба и толеранција во комуникациски процес - Промена на состојбата на свесност и перцепција - Подобрување во однос на социјализацијата преку танго забави и програмата на изучување ----- УЧЕСТВОТО во проектот ЛЕТО ИСПОЛНЕТО СО ТАНГО е БЕСПЛАТНО!!! Доколку сакате да бидете дел од незаборавно дружење исполнето со танго потребно е да се регистрирате на следниов линк: https://forms.gle/24EZyxsX6H7MzxG8A По регистрацијата ќе бидете контактирани за дефинирање на терминот за час! Локација на ТангоМ : https://goo.gl/maps/hyfngLmz7HZNp1iYA За дополнителни информации контактирајте не на телефон +389 (0)72 222 978 или преку email: [email protected] Се гледаме на танго!

Dance Styles

Tango (100%)

Organizer

C

Center 213

Ц

Центар Два Еден Три