About this Event

Изненадете се себеси и вашиот партнер со уникатен подарок кој ќе ја разбуди вашата поврзаност и ќе создаде нова форма во вашата конекција! На овој семинар ќе патувате во длабочините на вашата блискост и преку основите на аргентинското танго ќе го научите јазикот на телото, довербата и заедничкото движење како начин за поврзување. Што ќе добиете: ~Време само за вас двајца, далеку од секојдневната рутина. ~Зближување преку движење – учење како музиката и танцот може да ја зајакнат вашата конекција. ~Незаборавно искуство што ќе ви донесе насмевки, прегратки и ново чувство на заедништво. Подарете си танго, но повеќе од тоа – подарете си еден на друг. „Подари Танго“ e семинар кој поврзува срца. ~~Опис и детали за Семинарот~~ Времетраење на семинарот: 2 дена, Сабота и Недела од 10:00 до 13:30 ч. Датум на одржување: 14 ти и 15 ти Декември Распоред на семинарот: Сабота од 10:00ч. до 11:30ч. - Прв дел Сабота од 11:30ч. до 12:00ч. - Кафе/Чај пауза Сабота од 12:00ч. до 13:30ч. - Втор дел Недела од 10:00ч. до 11:30ч. - Трет дел Недела од 11:30ч. до 12:00ч. - Кафе/Чај пауза Недела од 12:30ч. до 14:00ч. - Четврти дел Содржина на семинарот: ~Вовед во Танго комуникација ~Вовед во танго Забава ~Свесност и постура на тело ~Комуникација во прегратка ~Техника и системи на чекорење ~Визуализација и координација во простор ~Форми и фигури ~Музикалност ~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~ - За учество на семинарот потребен е надомест од 3600 денари по пар (две особи). - Семинарот е наменет за сите возрасти ~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~ Бидете дел од семинарот и регистрираjте се на следниов линк : https://forms.gle/VtEna5wGqyqVCK3YA Локација на Центар 213 : https://maps.app.goo.gl/oWjVpkmcgbPNNWTz5 За дополнителни информации контактирај те не во инбокс или на 076 213 214.

Dance Styles

Tango (100%)

Organizer

C

Center 213

Ц

Центар Два Еден Три