About this Event
ТАЈНАТА НА ТАНГО
- СЕМИНАР ЗА ПОЧЕТНИЦИ -
Во Академија ТангоМ имате можност да ги откриете тајните на аргентинската вештина - Танго.
Онур Мок и Владанка Колева Ви подготвија викенд семинар наменет за почетници каде што;
- Танго семинарот содржи практичен и теоретски дел кој е интерактивен и забавен.
- Семинарот е наменет само за Ковид-19 вакцинираните, со вакцинален сертификат.
- За учество на танго семинарот не е потребен партнер или партнерка.
- Семинарот е наменет за сите возрасти од 17 до 67 години.
- Минимален број на учесници се 10 лица (5 ж. и 5 м.), максималниот број е 16 лица (8 ж. и 8 м.). Местата се ограничени.
- Семинарот се одржува во Академиа Тангом, во простор од 70м2 со идеална просторна температура, дрвен под и прочистен воздух од ЕкоВент (Даикин).
- За учество на семинарот потребен е надомест од 2.400 денари за едно лице, додека за парови (две лица) 4.000 денари.
- За учество на танго семинарот потребно е да се регистрирате на
( https://forms.gle/JttCdaxWb6JDFM538 )
-----
Времетраење на ТАНГО семинарот:
- 2 дена - САБОТА и НЕДЕЛА -
Вкупно 7 часа.
-----
Распоред на СЕМИНАРОТ:
- Сабота од 10:30ч. до 12:00ч. -
Прв час на тема "Те пронајдов во мене"
- Сабота од 12:00ч. до 12:30ч. - КАФЕ ПАУЗА
- Сабота од 12:30ч. до 14:00ч. -
Втор час на тема "Се пронајдов во тебе"
- Недела од 10:30ч. до 12:00ч. -
Трет час на тема "Заедно сме посреќни"
- Недела од 12:00ч. до 12:30ч. - КАФЕ ПАУЗА
- Недела од 12:30ч. до 14:00ч. - Четврти час на тема "Откриена тајна"
-----
Термини на Танго Семинарот се:
2ри Октомври и 3ти Октомври
16ти Октомври и 17ти Октомври
30ти Октомври и 31ви Октомври
-----
СОДРЖИНА НА СЕМИНАРОТ
- Вовед во Танго
- Вовед во танго Забава
- Свесност и постура на тело
- Комуникација во прегратка
- Техники на чекорење
- Баланс, истегнување и зајакнување на мускулна маса
- Визуализација и координација во простор
- Форми и фигури
- Музикалност за ниво 1 (Танго музика детална анализа)
-----
ВРЕДНОСТИ И ПРИДОБИВКИ:
Со практикување на танго вештината придобивките се психо-физички, и тоа:
- Подобрување на физичката состојба и спрема
- Подобрување на моториката на движење на телото
- Подобрување на рефлексите
- Оформување и зајакнување на мускулната маса на телото
- Подобрување на баланс и стабилност на телото
- Подобрување на ставот и држењето на телото
- Подобрување на работата на дигестивниот систем
- Развивање на свесност за движење и координација во простор
- Подобрување на индивидуалната и заедничката способност за одржување на комуникациски процес
- Подобрување на креативност и вештината за импровизација
- Подобрување во контекст на градење доверба, споделување, прифаќање и толеранција во комуникациски процес
- Промена на состојбата на свесност и перцепција
- Подобрување во однос на социјализација
-----
Доколку сакате да бидете дел од семинарот, потребно е да се регистрирате на следниов линк : https://forms.gle/JttCdaxWb6JDFM538
Локација на ТангоМ : https://goo.gl/maps/sTYHe2XptkM2
За дополнителни информации контактирај те не во инбокс или преку меилот - [email protected]
Во тајните е вредноста! Се гледаме на Танго 🙂
Dance Styles
Tango (100%)
Pricing
Individual:MKD 2,400.00
Couple:MKD 4,000.00
Organizer
O
Onor Mok
L
La VladAnka
C
Center 213
Ц
