About this Event
Врати ја младоста, активноста и дружењето преку Танго!
Никогаш не е доцна за нови искуства и пријателства.
Подари си мир во кој музиката ќе те штити.
Остани насмеан во благодарноста за животот!
Златно Танго е новиот почеток на убавината која е создадена за вас.
Од 10 Март 2023 година отпочнуваме нова група за почетници за социјално танго.
Часовите и практиките:
- Се наменети за сите заинтересирани со или без претходно танго искуство
- Се наменети за мажи и жени со возраст над 50 години
- Се одржуваат два пати неделно, среда и петок од 21.00 часот до 22.30 часот.
- Се во времетраење од 90мин.
Два пати во неделата, осум пати во месецот.
Важно инфо:
- За учество на часовите партнер или партнерка не ви е потребно!
- За учество потребно е да се регистрирате на следниов линк
( https://forms.gle/wvwNE9BspXLKPtMM6 )
- Месечна членарина за 8 часа изнесува 1600 денари и членарината се уплаќа пред почеток на тековниот месец.
- За сите прашања пишете ни порака во инбокс, на меил [email protected] или јавете се на бројот 073 830 345
- Местата во групата се ограничени.
Содржина на часовите и практиките во Ниво1, е:
- Вовед во танго (основи на танго комуникација)
- Вовед во танго забава (основи во социјалното танго дружење)
- Свесност и постура (телесна свесност и држење на телото)
- Комуникација во прегратка
- Техники на чекорење
- Баланс, истегнување и зајакнување на мускулна маса
- Визуализација и координација во простор
- Форми и фигури
- Музикалност (Танго музика со детална анализа)
Дозволете си да создадете спомени исполнети со љубов, дружење, емоции, забава и музика.
Почуствувајте го личниот развој преку вештината на медитација во движење.
Никогаш не е доцна за позитивна енергија!
Ве чекаме на танго!
Dance Styles
Tango (100%)
Organizer
C
